Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2011
Една од најстарите згарди во новиот дел на градот е Жаба зграда. Дополнителни објаснувања каде е таа и која е сигурно не треба за велешани. Но дали знаете како го добила името?
Постарите станари велат дека е тоа така поради изгледот на зградата ако се гледа од птичја перспектива, одозгора, од небо. Таа тогаш изгледал како жаба, како буквата Y латиница. Поради ова таа го добила името жаба зграда.
И патем уште една информација. Според сопственикот на прва воденица Бошко Јаневски, таа е градена со материјал од карпата што е прикажана долу на фотогрфиите, карпата Цуцка која се наоѓа во близината на вливот на реката Тополка во Вардар.
Така една од карактеристиките на Велес е и Жаба зграда, за која не верувам дека не знае некој велешанец.
Tweet |